Утрински Весник
Македонија

Малиот Илче од Охрид кој беше напуштен од родителите, по десет дена лекување ја напушти Детската клиника

Малиот Илче од Охрид кој беше напуштен од родителите, по десет дена лекување ја напушти Детската клиника

По десетина дена лекување на Детската клиника, 11-годишниот Илче од Охрид, кого родителите го напуштија, ја напушта болницата здрав и заминува во мал групен дом.

„Илче од Охрид по десеттина дена лекување и нега на Клиниката за детски болести успеа со плеснување на рачињата и едно големо браво да се збогува со тимот лекари кои се грижеа за него. Илче здрав и расположен си заминува во мал групен дом“, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Илче од Охрид по десеттина дена лекување и нега на Клиниката за детски болести успеа со плеснување на рачињата и едно…

Posted by Венко Филипче on Friday, August 7, 2020

Неговата состојба кога беше хоспитализиран беше тешка, пишува Филипче, а денеска со надеж дека Илче ќе има шанса за подобар живот го испраќаме седнат расположен за игра и насмеан да влезе во новото семејство.

„Огромна почит за сите здравствествени работници, тимот психолози, дефектолози, лекарите и сестрите кои цело време се грижеа за него“, напиша министерот.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВРЕДИ: Али Ахмети, дијаспората заслужува одговор – со каков договор ја предаде?

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ни следува долг, сушен и многу топол период, опасност од шумски пожари!

Средба на Еди Рама и Али Ахмети во Скопје – „Нема поделба на европскиот пат“