Утрински Весник
Спорт

Малер – даде гол, па ги скина лигаментите на коленото додека славеше!

Малер – даде гол, па ги скина лигаментите на коленото додека славеше!

Неверојатен пех за фудбалерот на Легија Варшава – Бартош Капустка.

Полскиот тим со 2-1 славеше против естонска Флора Талин во квалификациите за ЛШ, но мечот ќе остане запаметен по неверојатната повреда на едед од главните актери на мечот, стрелецот на водечкиот гол за домашниот тим.

Тој уште во 3. минута ја погоди мрежата на гостите, а голот го прослави откако силно со двете нозе скокна на тревата. Тука заработи повреда на коленото.

Набрзо потоа го напушти теренот, а црните прогнози покажаа дека има скинати вкрстени лигаменти на коленото.
Го очекува операција и долг период на опоравување.

Погледнете го малерозниот потег:

> Малер – даде гол, па ги скина лигаментите на коленото додека славеше! <

Можете да прочитате

Претседател на македонски фудбалски клуб фатен со шверцувано злато во Турција

Иранските спортисти добија забрана за патување во „непријателски земји“

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0