Утрински Весник
Спорт

Макс Ферстапен најбрз низ улиците на Баку, Перез се погрижи за двојна победа за Ред Бул

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Макс Ферстапен е победник на трката за Големата награда на Азербејџан што се одржа низ улиците на Баку. Тоа е петта победа за Холанѓанецот оваа сезона, вкупно 25. во кариерата.

Тимот на Ред Бул стигна до „еден – два“ победа на брегот на Каспиското море, откако Серхио Перез го освои второто место во Баку, а го имаше и најбрзиот круг.

Третата позиција му припадна на Џорџ Расел со Мерцедес, а трката не ја заврши Шарл Леклер.

Тимскиот колега на Расел од Мерцедес, Луис Хамилтон, заврши како четврти, иако на средината од трката се пожали на силни болки во грбот предизвикани од скокот „W13“ на патеката во Баку.

Пјер Гасли и Себастијан Фетел завршија на петтото и шестото место во Азербејџан, а бодови освоија и Фернандо Алонсо, Даниел Рикардо, Ландо Норис и Естебан Окон.

> Макс Ферстапен најбрз низ улиците на Баку, Перез се погрижи за двојна победа за Ред Бул <

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место