Утрински Весник
Свет

Макрон ќе ѝ подари коњ за трка на кралицата Елизабета

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе и подари еден од своите тркачки коњи на британската кралица Елизабета по повод одбележувањето на нејзината 70-та година од тронот, соопштија денеска од кабинетот на Макрон и британската амбасада во Париз.

Деведесет и шестгодишната кралица, позната по љубовта кон коњите, ќе добие седумгодишно грло, кое минатиот месец го придружуваше Макрон преку Елисејските полиња во Париз на неговата официјална церемонија на прогласување за претседател, пренесува Ројтерс.

Се додава дека Елизабета јавала коњи поголемиот дел од својот живот, е страстен обожавател на коњички трки и со години била сопственик на многу расни трки.

Можете да прочитате

Украински пратеници обвинети за мито

Нетанјаху патува во САД за средба со Трамп за Газа и регионални прашања

Италија запре италијанска мрежа поврзана со Хамас