Утрински Весник
Македонија

Макрон со поддршка за почеток на преговори со Скопје и Тирана

Макрон во Варшава за проширувањето на ЕУ и отварањето на преговори со Северна Македонија

Минхен, 15 февруари 2020 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Минхен изјави дека ако резултатите од Извештајот на Европската комисија во март за Северна Македонија и Албанија се позитивни тој би поддржал отворање на преговори со нив за да станат членки на Унијата, објави Ројтерс.

– Го чекаме извештајот во март … во зависност од тоа дали резултатите се позитивни и дали има доверба тогаш би биле во позиција да одобриме почеток на преговори, изјави Макрон на 56. Минхенска безбедносна конференција. дма/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Колку години треба да работите за да купите стан од 60 м²?

Андоновски: Владата останува цврсто посветена на исполнување на европските критериуми

Од пријавени 248 гласале 242 болни или изнемоштени лица