Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Макрон: Советот за безбедност на ООН не донесува корисни одлуки

Макрон: Советот за безбедност на ООН не донесува корисни одлуки
300x250 opst2

Францускиот претседател Емануел Макрон го критикуваше Советот за безбедност на ООН оценувајќи дека тој не донесува никакви корисни одлуки во моментот.

„Сите ние сме заеднички одговорни кога некои стануваат заложници во кризите на мултилатерализам, на пример, како Советот за безбедност на ООН“, рече Макрон за парискиот магазин „Гран континент“.

Тој ги повика народите во Европа да покажат поголема независност.

„САД ќе ги прифатат Европејците како сојузници само ако самите себеси се сфатиме сериозно и ако сме суверени во својата одбрана“, рече Макрон.

По повод изборите во САД, Макрон рече дека промената на администрацијата е шанса да се работи на меѓусебно разбирање и сфаќање дека Европејците работат на градење на својата автономија, како што тоа го прават САД и Кина.

Говорејќи за актуелните проблеми – коронавирусот, борбата против тероризмот и климатските промени, тој рече дека најдобро решение би било доколку се соработува.

„Дури и ако некои луѓе ја откријат вакцината, ако не се дистрибуира на целата планета, тоа значи дека вирусот ќе се врати во некои области. Ние сме заглавени во борбата против тероризмот. Не треба да заборавиме дека повеќе од 80 проценти од жртвите на исламскиот тероризам потекнуваат од муслиманскиот свет, како што видовме неодамна во Мозамбик“, рече Макрон.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари