Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Макрон: Путин ме увери во неговата подготвеност да ја одржи стабилноста на Украина

Макрон: Путин ме увери во неговата подготвеност да ја одржи стабилноста на Украина
Img 7972

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера во Москва се сретна со рускиот лидер Владимир Путин, по што се упати во Киев.

Макрон разговараше со Путин и се обиде да ја одврати Москва од инвазијата на Украина, додека Путин посочи дека ќе бара компромис како договор, пренесува Ројтерс.

Путин му рекол на Макрон дека Русија ќе направи се што е во нејзина моќ за да постигне компромис кој одговара на сите. Исто така, по разговорот кој траеше повеќе од пет часа, Путин истакна дека Макрон изнел неколку предлози, кои се можни како основа за понатамошни чекори.

– Претседателот Путин ме увери во неговата подготвеност да се вклучи во таа смисла и во неговата желба да ги задржи стабилноста и територијалниот интегритет на Украина – рече Макрон.

„Следните денови ќе бидат одлучувачки и ќе бараат интензивни разговори што ќе ги имаме заедно“, додаде Макрон.

Француското претседателство рече дека предлозите вклучуваат обврска од двете страни да не преземаат нови воени дејствија.

Инаку, Макрон беше првиот врвен западен лидер што се сретна со Путин од почетокот на кризата во декември.

– Доколку Украина влезе во НАТО и се обиде да го врати Крим со воени средства, европските земји автоматски ќе бидат вовлечени во воен конфликт со Русија – рече Путин, нагласувајќи дека нема да има победник, пишува „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот