Утрински Весник
Македонија

Макрон: Најдовме компромисно решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека чувствува дека е најдено компромисно решение за преговарачката рамка за членство во Европската унија за Македонија, во која ќе биде вклучена и Бугарија.

„ Мислам дека најдовме компромисно решение“, рече тој на прес-конференција на самитот на НАТО во Шпанија.

Од Владата пак велат дека преку Министерството за надворешни работи добиле предлог со идеи од француското претседателство, кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови.

„ Ова претставува основа за отворање на широк консултативен процес најпрво во Владата и коалициските партнери, а потоа и со претседателот на државата, со парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата. Како што ветивме, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, мериторно, согласно Стратешките интереси на земјата и на сите нејзини граѓани. Сакаме да упатиме благодарност до претседателот Макрон и француското претседателство, за нивните напори да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот“ се вели во владиното соопштение.

Можете да прочитате

За новогодишната ноќ ќе имаме сув студ

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом