Утрински Весник
Свет

Макрон најави забрзување на вакцинацијата и вакцина за постари од 70 години

Макрон најави забрзување на вакцинацијата и вакцина за постари од 70 години

Франција ќе ја забрза кампањата за вакцинација и наскоро ќе ја намали возрасната граница за вакцинација против ковид од 75 на 70 години, објави претседателот Емануел Макрон.

„Ја забрзуваме кампањата за вакцинација од сабота“, рече Макрон за време на посетата на пунктот за вакцинација во Валенсиен на северот на земјата, пренесува „Ројтерс“.

Тој објасни дека прво приоритет ќе имаат граѓаните постари од 75 години кои сè уште не биле вакцинирани, а потоа долната граница за вакцинација ќе биде 70 години.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Новата апликација на ЕУ треба да го намали застојот на аеродромите

Почина грузискиот патријарх Илија II

Шри Ланка воведе неработна среда за да заштеди гориво