Утрински Весник
Свет

Макрон: Дијалогот со Путин е закочен по откривањето на масовните убиства

Макрон: Дијалогот со Путин е закочен по откривањето на масовните убиства

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека неговиот дијалог со претседателот на Русија, Владимир Путин е во застој по откривањето на масовните убиства во Украина.

„ Од масакрите што ги откривме во Буча и другите градови, војната зазеде поинаков тек, па оттогаш не сум разговарал директно со него, но не исклучувам дека тоа ќе го направам во иднина“, изјави Макрон за телевизијата Франс 5, пренесе „Ројтерс“.

На прашањето дали ќе го посети главниот град на Украина, Киев, Макрон рече дека таму ќе оди кога ќе донесе нешто корисно, а не за да ја покаже својата поддршка.

Можете да прочитате

Трамп: Преговараме за целосен пристап до Гренланд

Зеленски во Давос упати жестока критика за европските лидери 

Зеленски: Mировниот план за завршување на војната со Русија е речиси готов