Утрински Весник
Свет

Макрон го именуваше новиот француски премиер

Макрон го именуваше новиот француски премиер

Францускиот претседател го назначи Жан Кастекс за нов премиер на земјата. Одлуката е донесена откако претходниот премиер Едуард Филип утрово поднесе оставка.

Набргу по неговата оставка, се огласија од Кабинетот на Макрон и најавија дека денеска ќе биде назначен за нов премиер.

Кастекс ја водеше стратегијата за отворање на Франција по пандемијата.

Новиот премиер кој има 55 години, бил градоначалник на градот Прадес.

Едуар Филип (49) беше премиер на Франција од 15 мај 2017 година.

Неговото повлекување ги потврди шпекулациите за реорганизација на владата, откако францускиот претседател рече дека следната фаза од неговиот мандат ќе биде проследена со нов владин тим преку кој тој сака да ги зајакне „зелените“ економски политики и да привлече гласачи пред потенцијалната нова кандидатура за шеф на државата.

Шпекулациите за позицијата на Филип почнаа од средината на јуни.

 

 

Текстот Макрон го именуваше новиот француски премиер е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп

Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре