Утрински Весник
Македонија

Македонци со српско државјанство се вакцинираат во Врање

Македонци со српско државјанство се вакцинираат во Врање

Досега околу 70 граѓани од Македонија кои имаат српско државјанство се вакцинирани против коронавирус на контролниот пункт во Врање.

„Бидејќи не можев да ја примам вакцината во Скопје и бидејќи сум двоен државјанин и на Македонија и на Србија поднесов барање до Е-управа да ја примам вакцината. Тие ми излегоа во пресрет и ми го испратија датумот кога треба да ја примам вакцината“, изјави Зоран Симоновски од Скопје за РТС.

За да бидат вакцинирани, странските државјани мора да се пријават преку веб-страницата Е-управа.

Во Србија може да се вакцинираат и странските државјани кои имаат престој во земјата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Холанѓанец приведен во Центар: Пријавен дека шетал со пиштол и правел инциденти

За десет години бројот на новороденчиња паднал за речиси 30 проценти

Димитријевиќ: Скандалозно е премиер да се слуша и да му сугерира на обвинителот како да постапува