Утрински Весник
Свет

Македонците можат да се вакцинираат во Врање без закажан термин

Македонците можат да се вакцинираат во Врање без  закажан термин

Во Врање е можно вакцинирање за граѓаните на Македонија без претходно закажување. Сè што треба да сторат е да донесат важечка лична карта – пасош или лична карта, информираат српските медиуми.

Луѓе од сите делови на Македонија доаѓаат во Врање за вакцинација, но претежно се од Скопје и Куманово, а доаѓаат и цели семејства, пишуваат медиумите.

„Од утрово 353 лица се вакцинирани во спортската сала во Врање, од кои 274 се државјани на Северна Македонија. Денес имавме голема група и тие беа претежно млади луѓе, кои веројатно вакцината би ја примиле во нивната земја многу подоцна. Сите се многу задоволни, среќни и благодарни “, изјави Љиљана Антиќ, директор на Здравствениот дом во Врање.

Таа додаде дека има доволно вакцини и дека ќе добијат доволен број вакцини за граѓаните од Северна Македонија на кои на располагање им се вакцините на „Синофарм“ и на „Фајзер“.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури