Утрински Весник
Македонија

Македонското и албанското обвинителство во заедничка борба против корупцијата и криминалoт

Македонското и албанското обвинителство во заедничка борба против корупцијата и криминалoт

Обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, денеска оствари работна средба со својот албански колега, главниот специјален обвинител против корупција и организиран криминал, Арбен Краја.

Како што информираат од обвинителството, двајцата обвинители водени од принципите на еднаквост, меѓусебно разбирање и заемни интереси потпишале Меморандум за разбирање помеѓу обвинителствата со кои раководат.

„Со Меморандумот обвинителствата се обврзаа во рамките на своите надлежности и согласно европското законодавство и законодавствата на двете земји, да ги зајакнат меѓуинституционалните односи во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Воедно, обвинителите се договорија да соработуваат преку размена на информации и документи поврзани со нивниот делокруг на работа, советување за општи правни прашања поврзани со заемната правна помош и меѓусебни посети, со цел подобрување на знаењето и зајакнување на вештините на јавните обвинители од двете обвинителства“, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Соседите ги користат критичните минерали како развојна шанса, Македонија сè уште не го активира Иловица

Завршните зборови за случајот „ДКСК“ одложени за утре

Српски полицајци до 31 август ќе патролираат низ Охрид