На мултимедијалниот фестивал „Преспаленд”, деновиве ќе се случи Отворено кино со македонски филмови и концерти на македонски музички ѕвезди.
Во сабота, по повод одбележување на Преспанското советување, на Споменикот во Отешево под отворено небо ќе бидат прикажани филмовите „Балканот не е мртов” на Александар Поповски со почеток во 20:00 и „Џган” на Вардан Тозија со почеток во 22:00 часот.
На Илинден, 2 август, со почеток од 20:00 часот во Амфитеатарот во Ресен, концерт ќе има етно составот Љубојна, а по нив следува акустичен концерт на Слаткаристика.
Влезот за сите посетители е бесплатен.
Текстот Македонски филмови, Љубојна и Слаткаристика овој викенд на „Преспаленд” е превземен од МАКФАКС.