Утрински Весник
Македонија

„Македонски Телеком“ ќе ги автоматизира системите за наплата во соработка со „Стоунбренч“

„Македонски Телеком“ ќе ги автоматизира системите за наплата во соработка со „Стоунбренч“

Атланта, 25 февруари 2020 (МИА) – Еден од водечките светски провајдери на динамички решенија за автоматизација во ИТ секторот, американскиот „Стоунбренч“ соопшти дека „Македонски телеком“ ја избрал оваа компанија за управување и автоматизација на апликациите за поддршка на фактурирање и наплата во реално време, меѓусебно поврзување, спречување измами и медијација при наплата, објави специјализираниот портал „ПРЊузвајр“.

Потпретседателот на „Стоунбренч“, Себастиојано Мион за порталот изјави дека се задоволни поради тоа што како свој партнер ќе го имаат тимот на „Македонскиот телеком“.

– Водечкиот пакет на „Стоунбренч“ за решенија за автоматизација, локалниот тим на експерти и експертизата во телекомуникациската индустрија го прават ова партнерство одлично, нагласува Мион.

Секторскиот директор во „Телеком“, Мирослав Јовановиќ во изјава за порталот вели дека оваа соработка се должи на напорите на операторот за дигитализација и иновации со цел да се обезбедат подобри услуги на клиентите.

– „Стоунбренч“ беше избран поради големото искуство на компанијата и специфичната стручност во автоматизацијата на софтвери во телекомуникацискиот сектор, нагласува Јовановиќ.

Во рамки на договореното, „Стоунбренч“ ќе отвори канцеларија во Скопје, со цел да обезбеди поблиска соработка со локалниот тим, како и лабораторија за развој и информатичко-технолошки операции (ДевОпс) за сегашните и идните оперативни потреби на „Македонскиот телеком“. сп/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути