Утрински Весник
Политички Партии

Македонски концепт со конкретни предлози до Владата

Македонски концепт ја почнува втората хуманитарна активност „Солидарноста на дело“

Скопје, 1 април 2020

УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА НАЦИОНАЛЕН ЕКОНОМСКИ СОВЕТ

Македонски концепт до Владата на Република С. Македонија достави Предлог Уредба за формирање на Национален економски совет, заради создавање на услови за економско и финансиско стабилизирање на Република Северна Македонија, поради вонредната состојба предизвикана од COVID-19.

Предлагаме Националниот економски совет да има советодавно–консултативна улога во креирање и имплементација на економски стратегии и политики со задача да дава конкретни мерки, предлози, мислења и препораки за надминување на економската криза во државата. На тој начин, наместо лицитација на економски мерки, ќе имаме синхронизација на мерките, врз основа на релевантни влезни податоци и изградени врз научна и искуствена основа.

Во Националниот економски совет предлагаме да членуваат: Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Членови на Владата од финансискиот и од економскиот сектор, потоа претставници на МАНУ, Гувернерот на НБРМ, Директор на ДЗС, редовни и вонредни професори по економски науки делегирани од универзитетите во РСМ, Претседателите на стопанските комори во Република Северна Македонија, претставници на невладини организации и други членови делегирани од Владата на Република Северна Македонија.

Предлог Уредбата до Владата е доставена по електронска пошта, со цел максимално почитување на мерките и препораките за намалување на ризикот од ширење на COVID-19.

Македонски концепт

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт