Утрински Весник
Македонија

Македонски дипломатски синдикат: Што се случува во МНР? 

Македонски дипломатски синдикат: Тивко убивање на македонската дипломатија со новиот закон

Скопје, 18 мај 2020

Македонскиот дипломатски синдикат бара од Владата да влијае на постапувањето на министерот и неговиот кабинет, како најитно би престанала харангата против неговите членови и дел од раководството на МДС.

Во МНР последната година “врие” од пресметки со “неподобните”. На сила и незаконски, со фалсификувани факти, им се суди на најквалитетните млади дипломати, докторанди и магистри. Притоа, се злоупотребуваат наши колеги кои се принудуваат или се корумпираат, како би покренале дисциплински постапки против своите колеги со кои го делат лебот.

Имавме и арбитрарно бркање од работа на тројца колеги, кои Судот ги врати на работа, а триесетина дипломати, од кои некои и со највисоки звања и врвни кариери,  се деградирани и понижувани, додека платите и придонесите им се намалени без никакви дисциплински постапки. Туку така, според нечиј ќеиф.

Како синдикат, речиси година дена го креваме гласот против многубројните неправди и злоупотреби на службената должност, но не гледаме подобрување. Молкум, упорно се спроведува праксата на застрашување, додека куќата неповратно тоне во реваншизам и од министерот наметнати поделби на “ваши” и “наши”. Како никогаш до сега во историјата, против МНР е поднесен голем број лични тужби од страна на вработените пред суд, а оспорен е и неславниот Етички кодекс пред Уставниот суд.

Го повикуваме министерот да се вразуми и да престане со шиканирање на вработените. Во МНР како една од елитните државни институции не смее да има ни помисла за авторитарно владеење, а не пак негово драстично практицирање. Министрите доаѓаат и си заминуваат, но штетата што како најодговорни луѓе во институцијата можат да ја направат нема да можат да ја поправат повеќе генерации. Дали е навистина успех за еден министер зад себе да остави руинирана и длабоко поделена дипломатија?

Што е многу, многу е!

Македонски дипломатски синдикат

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали