Утрински Весник
Спорт

Македонските кадети ќе се борат за десетото место на 17. Медитерански ракометни игри во Атина

Кадетите и јуниорите го добија своите противници

Атина, 21 февруари 2020 (МИА) – Против репрезентацијата на Кувајт која има двојно помалку бодови од нас, македонската кадетска ракометна репрезентација утре ќе се бори за второ место во групата и десетто место на 17. Медитерански игри што се одржуваат во грчката престолнина, јави дописничката на МИА од Атина.

По денешната убедлива победа над Саудиска Арабија, нашите ракометари се на втората позиција со 12 бодови, а потоа следат Мароко со десет, Саудиска Арабија со осум, Кувајт со шест и Турција со пет бода.

Домаќинот Грција со 18 бодови е прв на табелата во разигрувањата за пласман од деветтото до 14-то место и независно од исходот на утрешниот натпревар со Мароко, го обезбеди деветтото место на шампионатот.

Освен Северна Македонија- Кувајт и Грција – Мароко, утре се игра и натпреварот Саудиска Арабија – Турција. ср/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026