Утрински Весник
Македонија

Македонските граѓани од денеска можат да патуваат во Бугарија со негативен тест

Македонските граѓани од денеска можат да патуваат во Бугарија со негативен тест

Македонските дрѓавјани од денеска можат да влезат во Бугарија за туристички цели со негативен ПЦР тест направен во последните 72 часа.

Бугарските власти овозможија влез и за граѓаните на Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Украина, Молдавија, Израел и Кувајт со негативен тест за коронавирус.

За граѓаните на Украина, условот за поднесување на негативен тест ќе важи од 30 јули.

ПЦР тест не е потребен за лица кои пристигнуваат во Бугарија од земји членки на ЕУ, Велика Британија  и Северна Ирска, земји од Шенген, како и од Алжир, Австралија, Канада, Џорџија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Република Кореја, Тајланд, Тунис, Источна Република Уругвај. Тие не подлежат ниту на 14-дневен карантин.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Срам ми е од Карпош каков што е денес вели Јакимовски

Николоски: Судството и обвинителството целосно потфрлаат

National Geographic ја издвојува Македонија како најдобра дестинација за гастрономија на Балканот