Утрински Весник
Македонија

Македонските аеродроми поради корона кризата досега изгубија над 720.000 патници (инфографик)

Пациентот што на Инфективна клиника беше тестиран, нема корона вирус

Растат штетите од корона вирусот во ависообраќајот од двата македонски аеродрома. Како последица на нивното затворање за да се спречи ширењето на ковид-19 во земјава, во мај 2020 година биле превезени само 849 патници, наспроти бројката од 219.141 патник што минале низ скопскиот и охридскиот аеродром во мај 2019 година. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека од јануари до мај 2020 година со летови од и до земјава биле превезени само 432.571 патник, наспроти превезените 912.906 патници во идентичниот период лани.

Ако се земе во предвид фактот дека македонските аеродроми останаа затворени и во текот на јуни 2020 година, а земајќи го предвид фактот дека во текот на минатогодишниот идентичен месец биле превезени 247.631 патник, произлегува дека штетата што ја предизвика корона вирусот врз авиосообраќајот во земјава ќе се мери на над 720.000 патници помалку годинава. Во меѓувреме, од владата сè уште нема одлука за тоа кога ќе бидат отворени двата аеродрома во Скопје и Охрид, со што би почнале со сообраќај авиокомпаниите.

Странските авиокомпании што летаат до Скопје и Охрид постојано го одложуваат повторното воведување на редовните авиолинии поради затворените аеродроми. Сепак, поради вториот бран на новозаразени лица со ковид-19 во нашата земја, секојдневно се менува листата на држави во кои е забранет влезот на наши граѓани или е дозволен влез под посебни услови. Ваквата непредвидлива состојба директно влијае на фреквенцијата на летови што ќе ја имаме од двата аеродрома.

На веб-страниците на Меѓународниот аеродром Скопје и на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид засега не е прикачен летниот ред на летање, со што не е целосно прецизирано до каде и од кога ќе може да се лета од нашите аеродроми летово. Очекувањата се дека во текот на јули ќе се стават во сообраќај поголем дел од редовните летови од нашите аеродроми кон странските дестинации.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Студено утро со температури и до минус 11 степени

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!