Утрински Весник
Култура

Македонскиот народен театар го отвора 56. МТФ „Војдан Чернодрински“

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Македонскиот народен театар утре го отвора 56. фестивал „Војдан Чернодрински“ со најновата претстава „Народен непријател“ од норвешкиот автор Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ. Со особено задоволство ја прифативме поканата од селекторот на фестивалот, Иван Додовски, да учествуваме на овој реномиран театарски фестивал, кој во годините наназад како и денес на вистински начин знаел да ги негува естетските вредности.

Во официјалната фестивалска програма ќе учествуваат осум претстави во продукција на македонски театарски куќи, како и Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“, која ќе се одигра во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.

Текстот Македонскиот народен театар го отвора 56. МТФ „Војдан Чернодрински“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“