Утрински Весник
Македонија

Македонска Каменица донесе мерки и препораки за справување со Ковид-19

Македонска Каменица донесе мерки и препораки за справување со Ковид-19

Македонска Каменица, 17 март 2020 (МИА) – Во Македонска Каменица заседаваше локалниот совет за превенција. На состанокот присуствуваа претставници на сите засегнати институции надлежни за справување со појавата на коронавирусот како и градоначалничката Соња Стаменкова, а беа донесени значајни мерки и препораки за елиминирање на било каква појава на КОВИД-19 во М.Каменица.

– Донесена е одлука преку службите на граничните премини, МВР да достави список на повратници од странство кои се со постојано место на живеење во општина Македонска Каменица, кои границата на државата ја поминале во критичниот период. Од страна на Пазарниот инспекторат и МВР предвидена е зајакната контрола во работењето над трговските објекти, како во градската, така и во руралните средини, а исто така им се укажува на производствените погони во делот на текстилната индустрија да го организираат работењето на вработените во услови пропишани со мерките на Министерството за здравство, информираа од локалниот совет за превенција.

Меѓу останатите препораки, каменичкиот локален совет за превенција им наложува на сопствениците на аптеки, маркети и поголеми продавници во Општината да воведат режим на влез и престој во објектите, ограничување на бројот на клиенти внатре во објектите да како и редовна дезинфекција на фреквентните градски улици и јавни површини.

Од локалниот совет, додадоа дека останува отворен апелот до граѓаните до колку забележат повратници од странство кои не ја почитуваат забраната за движење со 14 дневна изолација во домашни услови веднаш да пријават на телефонскиот број 192 на МВР. Сите 15 точки со содржината од самите препораки, како што дополнија се објавени на официјалната веб-страна на општината. вс/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер