Утрински Весник
Македонија

Македонска е-спорт екипа со шампионско место во „League of Legends“ и вице шампионско во „Counter Strike: Global Offensive“

Македонска е-спорт екипа со шампионско место во „League of Legends“ и вице шампионско во „Counter Strike: Global Offensive“
Dik 300x250 mk

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Македонската е-спорт екипа освои шампионско место во „League of Legends“ и вице шампионско место во „Counter Strike: Global Offensive“ во европскиот куп на Нации во еспорт „StayHome European Nations Cup“.

Како што соопштија денеска од Македонската еспорт екипа, во играта „ProEvolution Soccer 2020“ се пласирале до четврт финалето. На квалификациите за купот на Нации пријавени биле 130 тимови и 40 поединци.

Посочуваат дека дванаесет членки на Европската Федерација го организирале овој куп на Нации за да ја подигнат свеста кај младите во Европа за опасноста од Ковид 19 и да порачаат дека е добро да се остане што е можно повеќе во карантин за да се спречи ширењето на вирусот.

Купот се одржа во три наслови „League of Legends“, „Counter Strike: Global Offensive“ и „ProEvolution Soccer 2020“.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!