Македонската компанија за друштвени игри Final Frontier Games собра над 260.000 долари на кампања на Кикстартер (Kickstarter) за нивната најнова игра Monsters on Board. „Ова е нашата седма Kickstarter кампања и затоа сакаме да ве осигураме дека се погрижуваме сѐ да биде со највисоко ниво на професионализам“ – велат од компанијата на оваа Kickstarter кампања.
Поради огромниот интерес, моменталната сума ја има надминато нивната првична цел за речиси 9 пати (30.000 долари). Како резултат на ова, од компанијата решија да додаваат нова содржина на оваа игра после секои 10.000 долари. Играта ќе може да ја играат 1-4 луѓе, а просечно таа би траела околу еден час.
Final Frontier Games е компанија за друштвени игри создадена во Скопје во 2014 година. Нивната цел е да поттикнат дружба на пријатели и семејства преку друштвени игри. Ова е седмата друштвена игра којашто ќе биде објавена од Final Frontier Games покрај нивните претходни игри Cavern Tavern (2016), Rise to Nobility (2017), Robin Hood and the Merry Men (2018), Rise to Nobility: Beyond (2018), Coloma (2019) и A Fistful of Meeples (2019).
Оваа кампања трае до 30-ти септември а можете да ја погледнете овде.