Утрински Весник
Македонија

Македонската сатира збогатена со насловот ,,Сатирични мистерии” од Миле Ѓорѓијоски

Македонската сатира збогатена со насловот ,,Сатирични мистерии” од Миле Ѓорѓијоски
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Делчево, 24 јуни 2020 (МИА) – Македонската сатира збогатена со уште еден наслов. „Сатирични мистерии” е новата книга со избор афоризми од сатиричарот Миле Ѓорѓијоски, која откако беше издадена на бугарски јазик, го доби и своето македонско издание.

-Делото содржи над 1500 афоризми од моето целокупно творештво, објавени од колегата Валентин Димитров, кој ги одбра афоризмите и претходно ги објави како прва книга од македонски сатиричар објавена на бугарски јазик, информираше авторот Ѓорѓијоски.

Илустрацијата за македонската верзија на „Сатирични мистерии” ја работеше познатиот карикатурист Миро Георгиевски, додека автор на портретот е Владимир Голуб од Русија.

Ѓорѓијоски досега има издадено 14 авторски книги и има подготвено 15 алманаси на афоризми, меѓу кои и антологијата на европски афоризми Трагачи по парадокси III. вс/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје