Утрински Весник
Македонија

Македонската Влада во вторник ќе допатува во Софија, најави Петков

Македонската Влада во вторник ќе допатува во Софија, најави Петков

Владата на Северна Македонија доаѓа во Софија следниот вторник, на 25 јануари, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков, коментирајќи дека постои можност да биде направено нешто што не се случило во последните 30 години.

„Треба да се договориме за воспоставувањето на железничката линија помеѓу Софија и Скопје во најкус можен рок, да утврдиме како да се патува побрзо со автомобил, како навистина да има половина час лет, да стане збор за културниот календар, како и координацијата на образовните програми“, рече Петков.

Бугарскиот премиер додаде дека ќе се направи реален план за целите и постигнувањата во наредните шест месеци.

Петков неделава го посети Скопје, остварувајќи голем број средби со државниот врв. Од двете страни, посетата беше оценета како успешна.

Можете да прочитате

Бочварски: После 4 години локална власт- ВМРО-ДПМНЕ не исполни ништо од ветеното

Бочварски: Очекуваме да се зголеми поддршката за СДСМ, на локалните избори ќе настапиме со коалициските партнери од изминатите десеттина години

НИ СЕ ВРАЌААТ ЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ: Пред нас многу сонце и значително потопло време!