Утрински Весник
Економија

Македонија ќе преговара со соседните земји за взаемно признавање на ковид-тестовите

Македонија ќе преговара со соседните земји за взаемно признавање на ковид-тестовите

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека следуваат преговори со сите соседни земји за взаемно признавање на ковид-тестовите.

„Ќе бараме од нашите соседи, и европските држави да ги прифатат таканаречените ковид-пасоши од нашата држава“, вели Бектеши.

Бектеши, овојпат, не ја исклучи можноста за преговори со Грција за претстојната сезона.

„Тоа што во моментов Министерството за економија не преговара со Грција, не значи дека нема да почнеме со преговори“, рече Бектеши.

Претходно неделава, министерот изјави дека нема да преговара билатерално, по примерот на српската со грчката влада, бидејќи Македонија не сакала да ги загуби домашните туристи за летната сезона. На ова следеа бурни реакции од туристичкиот сектор кој  се жали дека парите им се заглавени во нерализирани патувања. Образложувајќи го својот коментар, Бектеши денеска рече дека негова обврска како министер за економија е да го поттикнува туризмот во рамките на нашата земја.

 

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче e против граѓаните да заштедат пари, тој е синоним за најнеуспешната влада на Заев

Филипче побара Владата итно да ги прифати мерките на СДСМ, ДДВ за горивата на 5%, помала акциза, укинување на ДДВ за храна

ДДВ за горивата се намалува на 10%