Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Македонија на Европско! Исторски успех на фудбалерите

Македонија на Европско! Исторски успех на фудбалерите
300x250 opst2

Македонија првпат во историјата ќе игра на едно големо фудбалско натпреварување, остварувајќи го сонот на илјадници фудбалски навивачи, откако во баражот за квалификациите за Европското првенство во 2021 на гости стигна до храбра победа од 1:0 над Грузија, благодарение на вечниот Горан Пандев, кој уште еднаш покажа дека е класа играч.

Со овој успех е исполнет историскиот сон на сите фудбалери кои го носеле црвено-жолтиот дрес и мора да му се честита на селекторот Игор Ангеловски, кој состави тим со мешавина на искуство и младост кој сега следниот јуни, се надеваме со публика на трибините ќе се бори на Европското првенство во пресметките со силните репрезентации на Холандија, Австрија и Украина.

Дуелот во Тбилиси, каде што Грузија немаше пораз во 13 меча, започна со едно тесно, тешко за гледање прво полувреме, во кое домаќините ја имаа иницијативата, но најдобрата шанса ја имаше токму Пандев во 35-тата минута, кога само реакцијата на грузискиот голман спречи гол.

Во второто полувреме, клучниот момент дојде во 56. минута, кога триото на фудбалери кои настапуваат во италијанската Серија А го покажа својот квалитетот. Фантастичниот Елиф Елмас беше креатор и со совршена акција со Илија Несторовски му асистираа на Горан Пандев, кој покажа дека е мајстор на фудбалската игра постигнувајќи прекрасен гол.

По ова, иницијативата на македонската репрезентација резултираше со уште неколку убави шанси, во кои пропуштивме да ја осигураме победата и во исто време да го кренеме притисокот на навивачите пред ТВ-екраните, кои на крајот сепак, имаа шанса да искусат еден историски момент.

> Македонија на Европско! Исторски успех на фудбалерите <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица