Утрински Весник
Македонија

Македонија забрани влез на жители од земјите со висок ризик од корона вирусот (инфографик)

Македонија забрани влез на жители од земјите со висок ризик од корона вирусот (инфографик)

Кина, Италија, Иран, Јужна Кореја, Франција, Шпанија и Германија. Ова се моментално земјите со висок ризик за пренесување на корона вирусот, според најновата листа надополнета денеска од Министерството за здравство. Владата воведе забрана за влез на територијата на Македонија на странски државјани од овие земји со висок ризик. Исклучок се оние странски државјани кои ќе достават потврда издадена од надлежен орган за спроведен карантин, информираат од владината прес – служба.

Македонската влада упати апел и до македонските државјани кои живеат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во нашата земја во овој период.

Владата го задолжи АД М-НАВ Скопје и Министерството за здравство да преземат активности за информирање на учесниците во авиосообраќајот, за мерките и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

„Авиокомпаниите, преку својот персонал – екипаж се должни за време на своите летови да ги соберат PLF (Passenger Locator Form) обрасците од патниците, да ги разгледаат и да ги предадат на нивниот агент по пристигнувањето во Република Северна Македонија“, се вели во владиното соопштение.

Сите патници, членови на екипажот и оперативен персонал при пристигнувањето со авион во Република Северна Македонија мора да го пополнат PFL образецот. Сите PFL обрасци мора да бидат собрани од екипажот, проверени и преброени и да се предадат на агентот веднаш по слетувањето.

Овластениот агент од авиокомпанијата, е должен PLF обрасците од патниците, да ги достави до Служба за итна медицинска помош на воздухопловно пристаниште  Меѓународен Аеродром Скопје и до медицинска служба на Аеродром „Св. Апостол Павле“ – Охрид.

„Авиокомпаниите, по претходно добиени информации од надлежните служби од Република Северна Македонија, задолжени за следење на мерките и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), се должни пред да полетаат, да ги известат патниците за мерките на претпазливост кои се на сила при влегувањето во Република Северна Македонија, во согласност со моменталната состојба и со преземените мерки и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), предложени од Министерство за здравство“, се вели во владиното соопштение.

Авиокомпаниите треба да ги известат патниците кои влегуваат во нашата земја дека ќе бидат предмет на задолжителна 14 – дневна самоизолација, доколку истите патници потекнуваат или посетиле некоја од земјите со среден и висок ризик.

Покрај напоменатите земји со висок ризик, заклучно со 13 март, во групата на земји со среден ризик се вклучени: САД, Швајцарија, Јапонија, Данска, Холандија, Шведска, Велика Британија, Белгија, Австрија, Норвешка, Катар, Бахреин, Сингапур, Малезија, Австралија, Грција, Чешка, Канада, Кувајт, Израел, Обединети Арапски Емирати, Индија, Ирак, Тајланд, Египет, Либан, Сан Марино, Исланд, Словенија, Филипини и Бразил.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина