Утрински Весник
Македонија

Македонија вечерва ќе настапи на Евровизија

Dik 300x250 mk

Македонската претставничка Андреа Коевска, вечерва ќе пее во второто полуфинале на Евросонг во Торино. Андреа ќе настапи единаесетта со песната Circles на композиторот Александар Масевски. Шоуто почнува во 21 часот.

Освен Андреа, на вечерашното полуфинале во арената Пала Олимпико ќе пеат и претставниците на Финска, Израел, Србија, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Естонија, Романија, Полска , Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка. Од големата петорка, своите настапи ќе ги претстават Англија, Германија и Шпанија.

Вечерва свое шоу ќе имаат водителите Мика и Лаура Паусини, а ќе настапат и поранешните евровизиски претставници на Италија, „Ил воло“.

До сега се познати десетте финалисти од првата полуфинална вечер и тоа Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија. Финалето на Евросонг ќе се одржи на 14 мај, а ќе пеат претставниците на 25 земји.

Можете да прочитате

Алиу: Се реорганизираат специјализациите, ќе има кадар за секундарното здравство

Приведен скопјанец по напад во казино и семејно насилство

ДИК со конечни податоци: 44 општини добија градоначалници, 33 одат во втор круг – во Шуто Оризари ќе има прегласување на три места