Утрински Весник
Македонија

Македонија, Албанија и Црна Гора добиваат респираторни машини од НАТО

Македонија, Албанија и Црна Гора добиваат респираторни машини од НАТО

До крајот на овој или следниот месец, НАТО ќе достави респираторни машини во нашата земја со цел да помогне во борбата против коронавирусот, соопшти Северноатлантскиот сојуз.

Македонија е една од трите земји членки од Западен Балкан што ќе добијат ваков вид помош.

„Во текот на октомври и ноември, сојузниците на НАТО, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, ќе добијат десетици респираторни машини и вкупно околу 1,5 милион евра медицински материјали од фондот за одговор на пандемијата. Toa следуваше откако трите земји побараа помош од Евро-атлантскиот центар за координација и одговор на катастрофи на НАТО (EADRCC) “, се вели во соопштението, објавија подгорички „Вијести“.

На Албанија неодамна и беа доделени 60 респираторни машини кои се наоѓаат во Италија, а кои ќе бидат доставени наскоро.

НАТО формира резерви на медицинска опрема за да може да обезбеди итна поддршка на земјите членки или партнерски земји на кои им е потребна помош.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Ограбил седум возила, приведен кумановец

СДСМ: Додека сите се занимаваат со лажните вести на Алфа ТВ и Жан Митрев, ВМРО увезува 10.000 „економски работници”