Утрински Весник
Македонија

Маж пронајден починат на нива до трактор во Дреново, Кавадаречко

Поведена истрага за силување против косовски државјанин

Кавадарци, 9 јуни 2020 (МИА) – На нива во село Дреново, Кавадаречко, до трактор „ИМТ 539“, вчера бил пронајден починат И.Ј.(71) од селото. Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт без траги на насилство.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека случајот вчера околу 17.00 часот бил пријавен во Полициска станица Кавадарци.

По наредба на јавен обвинител од Кавадарци, телото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина – Скопје. Бил извршен увид на местото на настанот. свд/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешаците преминувале каде што ќе стигнат, возачите не им давале предност – 175 прекршоци

Работник почина од струен удар во Кондово

Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Јасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа