Утрински Весник
Македонија

Маж пронајден мртов на пат во селото Велгошти

Маж пронајден мртов на пат во селото Велгошти

Во СВР Охрид вчера во утринските часови било пријавено дека пронајдено е починато лице на локален пат во охридското село Велгошти.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а од увидот извршен од полициски екипи, констатирано било дека се работи за М.В. (62) од Велгошти.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.

Можете да прочитате

Во акција на Царина, на зелениот пазар во Чаир запленети 135 кг тутун

Ноемвриска програма во Кинотека – 24info.mk

Сончеви периоди, но и силен ветер: Денеска налети над 60 километри на час долж Повардарието