Утрински Весник
Македонија

Маж пронашол над 100 куршуми и рачни бомби додека си го реновирал кровот на неговата куќа во Вевчани

Охриѓанец пријавил дека нашол голема количина на оружје и муниција додека си го реновирал кровот во неговата куќа во Вевчани.

Како што соопшти полицијата, В.М.(46) од Охрид, со живеалиште во Скопје, пријавил дека при реновирање на кровот во неговата куќа во Вевчани пронашол 106 куршуми за карабин, 4 рачни бомби, една кутија со барут и 33 капсули за ловечка пушка.

Увид на местото извршиле полициски екипи, а пронајдените предмети се безбедно подигнати од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.

Можете да прочитате

Трендафилов: Владата и газдите си играат со животите на работниците

Во судството и 10.000 евра плата да им дадете, пак ќе крадат вели Туфегџиќ 

Трајановски: Нападите од Шилегов и Деспотовски се „стани ти да седнам јас“