Утрински Весник
Македонија

Маж почина во пожар во куќа во Чучер Сандево

Маж почина во пожар во куќа во Чучер Сандево

Триесет и петгодишно лице загина во пожар во куќа во Чучер Сандево.

„На 19.12.2021 во 00.17 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Побожје, општина Чучер Сандево, настанал пожар во куќата сопственост на Т.С.(64). Притоа, В.С.(35) не успеал да излезе од куќата и починал. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, соопшти МВР во дневниот билтен.

Можете да прочитате

Променливо облачно, слаби локални врнежи од дожд и снег

45 дела пријавени за наградата „Роман на годината“

Гордост на Македонија: Тина Русева донесе европска победа дома