Утрински Весник
Македонија

Маж повреден при пожар во пензионерски дом во Штип

Маж повреден при пожар во пензионерски дом во Штип

Во вечерните часови на 25 јули во СВР Штип било пријавено дека во пензионерски дом на улицата „Ванчо Прќе“ настанал пожар.

Од пожарот бил зафатен стан, во кој како потстанар живеел Д.Н.(63) од Штип. Тој се здобил со повреди и бил пренесен во штипската болница за укажување лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, а увид на местото извршила полициска екипа.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

МАТУСИТЕБ бара конкретни механизми за застапеност на турската заедница во институциите

Мицкоски: Во вторник ќе се знаат новите министри и ресорите во Владата

Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?