Утрински Весник
Македонија

Маж од Пробиштип запознал жени од Битола преку Фејсбук и ги измамил за пари

Полицијата привела вчера маж од Пробиштип кој измамил две жени од Битола за пари.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, се работи за 31-годишниот Д.М. кој се сомничи дека во периодот од мај до јули оваа година, по запознавање со две жени од Битола на социјалната мрежа Фејсбук и по започнување љубовна врска со нив, кај едната извршил кражба, а другата ја измамил за сума од 6500 евра и 72.000 денари, за што беше пријавено на 27.07.2022.

Тој бил спроведен и задржан во СВР Битола и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Пронајдена почината жена во двор во Куманово

Маглешов: Едно Обвинителство има две различни теории за ист случај, потребна е навремена ревизија

Снаата отиде да се пораѓа а го најде синми мртов вели Димитриев