Утрински Весник
Свет
Img 7972

Маж во Канада претепал медицинска сестра бидејќи ја вакцинирала неговата сопруга

Маж во Канада претепал медицинска сестра бидејќи ја вакцинирала неговата сопруга
300x250 opst2

Полицијата бара маж во Канада кој наводно со тупаници удрил медицинска сестра неколку пати во лицето и ја соборил на земја откако неговата сопруга била вакцинирана против коронавирус.

Осомничениот влегол многу лут и агресивен и ја прашал медицинската сестра зошто ја вакцинирала неговата возрасна сопруга без негово одобрување.

„Ја удри неколку пати во лицето, така што медицинската сестра немаше време да се одбрани, таа падна на земјата и осомничениот истрча надвор“, изјави портпаролот на полицијата Мартин Кариер за Си-Ен-Ен.

Медицинската сестра била пренесена во болница каде и’ била укажана лекарска помош поради повеќекратни повреди на лицето.

Полицијата нема име или фотографија на осомничениот или безбедносни снимки од инцидентот, рече Кариер. Сепак, тие имаат опис на човекот и се надеваат дека со помош на јавноста ќе можат да го идентификуваат и да го обвинат за напад.

Осомничениот беше опишан како маж од 30 до 45 години, висок околу 180 сантиметри, со средна градба со потемна кожа, кратка кафеава коса, густи веѓи, два мали пирсања на секое уво и тетоважа на раката која наликува на крст , рече Кариер.

Можете да прочитате

Масовно пукање во ресторан во САД: Четири мртви, 20 повредени

„Тајмс оф Израел“: Ослободувањето на заложниците ќе започне помеѓу 4 и 6 часот наутро во понеделник

Иран: Поддршката за договорот за Газа не значи одобрување на политиката на САД