Утрински Весник
Свет

Мадуро: Руската вакцина е спас за човештвото

Мадуро: Руската вакцина е спас за човештвото
Dik 300x250 mk

Синот на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и неговата постара сестра се согласиле да учествуваат во клиничките испитувања на руската вакцина Спутник V против коронавирус.

„Мојот син Николас Мадуро Гере ми рече дека решил да ја прими руската вакцина со цел да учествува во клиничките студии. Мислам дека тоа е прекрасно“, рече претседателот Мадуро, додавајќи дека неговата постара сестра Марија Тереза ​​Мадуро исто така ќе ја прими руската вакцина како дел од клиничките испитувања, објави ТАСС.

„Штом започне масовната вакцинација, јас ќе бидам меѓу првите што ќе се вакцинираат“, рече претседателот Мадуро и оцени дека руската вакцина ќе биде спас за човештвото.

Според официјалните информации, првата количина на руска вакцина веќе пристигнала во Венецуела, а вкупно околу 2.000 лица се пријавиле да учествуваат во клиничките испитувања.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил