Утрински Весник
Свет

Мадуро помилува над 100 опозициски политичари

Мадуро помилува над 100 опозициски политичари

Властите во Венецуела помилуваа над 100 опозициски политичари, вклучително и над 20 пратеници, кои биле обвинети за заговор против претседателот Мадуро.

Потегот на венецуелските власти се случува во пресрет на парламентарните избори кои би требало да се одржат во декември. Помилувањето на опозициските политичари укажува на тоа дека владејачката Социјалистичка партија настојува да поттикне учество на изборите, кои дел од опозицијата планира да ги бојкотѕира, со образложение дека се наместени.

Меѓу опозициските политичари кои се помилувани со указ од претседателот се пратеникот Фреди Гевара, кој побара азил во чилеанската амбасада, како и Роберто Мареро, соработник на лидерот на опозицијата Хуан Гваидо, пренесе Ројтерс.

Многу од помилуваните опозициски политичари учествуваа во минатогодишниот неуспешен пуч во кој се обидоа да го оттргнат Мадуро од власт. Некои од нив биле во затвор, доека други побарале дипломатски азил или биле во прогон.

Активистите за човекови права остро ја критикиваа власта во Венцуела за затворање на политички противници, често на основа на обвинение со малку или без никакви докази.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

УНРВА: Во северниот дел на Појасот Газа нема вода, храна и лекови

„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина

Хезболах истрела 150 ракети кон Израел