Утрински Весник
Магазин

Мадона доби забрана да објавува на Инстаграм-лајф

Мадона ретко останува без зборови. Но, поп легендата тврди дека „останала без текст“ викендов кога сакала да сподели видео на Инстаграм, но добила известување дека е блокирана да споделува видеа во живо.

63-годишната кралица на попот често споделуваше провокативни фотографии на оваа социјална мрежа во последниве години, но се запрепастила кога добила известување дека ги прекршила правилата на платформата кога се обидела да оди во живо за своите 18 милиони следачи.

„Луѓе, ќе одиме во живо. Што по ѓаволите? Блокирани сме од Live? Еј, што се случува?”, вели таа во видео.

Хитмејкерката Material Girl, алудирајќи на своите разголени фотографии што често ги споделува на апликацијата, се пошегува дека во тој момент била целосно облечена и била изненадена кога на екранот добила предупредување поради голотија.

„Никогаш во животот не сум имала толку многу облека на себе. Занемев!“, додава таа во видеото.

„Инстаграм“ издаде предупредување до поп-мегаѕвездата во кое објасни дека таа мора да ги почитува другите на платформата и ја предупреди секогаш да „го следи законот“.

„Сакаме Инстаграм да продолжи да биде автентично и безбедно место за инспирација и изразување. Помогнете ни да ја поттикнеме оваа заедница. Објавувајте само ваши фотографии и видеозаписи и секогаш придржувајте се на законот. Почитувајте ги сите на Инстаграм, не праќајте спамови и немојте да објавувате голотија,“ се наведува во известувањето.

Во ноември 2021 година, Мадона повторно ги постираше фотографиите на кои позира во кревет откако Инстаграм ги отстрани. Таа беше зачудена што беа отстранети бидејќи се гледала нејзината брадавица.

Тогаш таа напиша: „Повторно објавувам фотографии што Инстаграм ги симна без предупредување или известување…

„Причината што му ја кажаа на мојот менаџерски тим, кој, всушност не го уредува мојот профил на ‘Инста“ е дека мал дел од мојата брадавица бил изложен. Сè уште ми е зачудувачки што живееме во култура која дозволува да се покаже секоја педа од женското тело освен брадавицата!”

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста