Пари Сен-Жермен на Раул Гонзалес со една нога е во четврт-финалето на ЕХФ Лигата на шампиони, откако на гостувањето кај Целје стигнаа до доминантна победа од 37:22, додека Порто успеа да го совлада Алборг со 32:29 за да осигура интересен реванш во Данска.
Францускиот фаворит направи серија во средината на првото полувреме за на одмор да отидат со огромни десет гола разлика (11:21), која не ја испуштија до крајот на мечот и сега влегуваат како огромни фаворити, не само во реваншот туку и во понатамошните мечеви во потрага по првата европска титула. Дилан Наи постигна дури 10 гола за Парижани, Феран Соле додаде седум, додека за словенечкиот шампион најефикасни беа Арсеније Драгашевиќ и Жига Млакар со шест гола.
Многу поинтересно беше во Португалија, каде што Порто прво направи предност од четири гола во првото полувреме, за на крајот да слави со 32:28 против Алборг. Виктор Итуриза беше лидер на португалскиот клуб со осум гола, додека за Алборг најефикасен беше Хенрик Молгард со седум постигнати гола.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ОСМИНАФИНАЛЕ, 1.МЕЧ
Целје – Пари Сен-Жермен 23:37 (11:21)
Порто – Алборг 32:29 (18:14)
> ЛШ: ПСЖ како „фурија“ во Словенија, Порто со предност патува во Данска <