Борусија Менхенгладбах минатото коло пропушти славна победа над Реал Мадрид, но се вратија со чудесна 0:6 победа на гостувањето кај Шахтјор Доњецк предводени од Аласан Плеа за да го преземат водството во групата Б од Лигата на шампионите, додека Атлетико Мадрид одигра 1:1 на гости кај Локомотив Москва, исфрустрирани од ВАР системот.
„Ждребињата“ од Менхенгладбах го уништија украинскиот шампион во фантастичното прво полувреме. Французинот Плеа уште во осмата минута донесе водство за бундеслигашот, а во 17. минута Бондар со автогол да зголеми на 0:2. Плеа во 26. минута ја најави катастрофата на Шахтјор, за Рами Бенсабаини во 44. минута да зголеми на 0:4. Плеа го продолжи фантастичниот меч со асистенција до Ларс Штиндл во 65. минута, пред во 79. минута да го комплетира хет-трикот!
Атлетико поведе со голот на Хозе Хименез уште во 17. минута, но Локо израмни во 25. минута со голот на Антон Миранчук од пенал, за кој од Атлетико сметаа дека е престрого досуден.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КОЛО
ГРУПА А
Локомотив Москва – Атлетико Мадрид 1:1
Ред бул Салцбург – Баерн Минхен 21.00 ч.
Табела: 1.Баерн 6, 2.Атлетико 4, 3.Локомотив 2, 3.Салцбург 1
ГРУПА Б
Шахтјор Доњецк – Борусија Менхенгладбах 0:6
Реал Мадрид – Интер 21.00 ч.
Табела: 1.Менхенгладбах 5, 2.Шахтјор 4, 3.Интер 2, 4.Реал М 1
> ЛШ: Менхенгладбах со чудесна победа во Украина, Атлетико исфрустриран во Москва <