Утрински Весник
Спорт

ЛШ: Барселона „моќна“ во Норвешка

ЛШ: Барселона „моќна“ во Норвешка

Барселона си ја заврши работата уште во првиот меч од осминафиналето на ЕХФ Лигата на шампиони, откако со убедливи 37:25 (19:12) го совлада Елверум на гости во Норвешка за мечот во „Палау Блауграна“ да биде само рутина.

Барселона беше единствениот тим кој беше „совршен“ со сите победи во натпреварите по групи во овогодишното натпреварување и беше огромен фаворит против Елверум. Тоа тие го докажаа и на паркетот водејќи од самиот старт до финишот на мечот.

Дика Мем ги предводеше Каталонците со 7 гола, а по четири постигнаа Фабрегас, Циндриќ, Јанц и Н’Гесан, додека кај домаќините, Александер Кристоферсен Блонз и Томас Солстад имаа по шест гола.

> ЛШ: Барселона „моќна“ во Норвешка <

Можете да прочитате

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона