Во отсуство на Вардар, чиј меч со Пик Сегед беше одложен поради корона вирусот во унгарскиот тим, третото коло на Лигата на шампиони во средата не донесе изненадувања, откако Барселона, Кил и Кјелце ги потврдија фаворитските улоги за високи победи.
Гостувањето на Барса кај Нант на Кирил Лазаров беше прогласен за меч на неделата од страна на ЕХФ, но францускиот клуб делумно беше рамноправен противник во првото полувреме за да загуби со 27:35 (15:18) од Барселона, која сега има максимални три победи во групата Б заедно со Алборг и Веспрем. Дика Мем со 7 и Палмарсон со 6 гола беа најефикасни за Барса, додека за Нант, Пешмалбе имаше шест гола, а Лазаров запиша четири.
Кил, пак, во истата група се опорави од поразот од Нант во претходното коло, за 35:24 победа на гости кај Целје, а во групата А (каде што е и Вардар), Кјелце со 31:22 го победи Елверум.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КОЛО
ГРУПА А
Елверум – Кјелце 22:31 (11:18)
Пик Сегед – Вардар, одложено
Табела: 1.Флензбург 6, 2.Кјелце 4, 3.Мешков 4, 4.Елверум 2, 5.Порто 2, 6.Вардар 0, 7.ПСЖ 0, 8.Пик Сегед 0
ГРУПА Б
Нант – Барселона 27:35 (15:18)
Целје – Кил 24:35 (13:16)
Табела: 1.Веспрем 6, 2.Барселона 6, 3.Алборг 6, 4.Кил 4, 5.Нант 2, 6.Целје 0, 7.Мотор 0, 8.Загреб 0
WATCH: Some call it ‘team handball’ but, of course, you can also play the game all on your own… Well done, Rok #Ovnicek ?#ehfcl #MOTW @HBCNantes @FCBhandbol pic.twitter.com/60tHQBSdO7
— EHF Champions League (@ehfcl) October 1, 2020
WATCH: Waiting for some in-flight brilliance? Here you go! Nice one, Josip Sarac! ✌@RKCPL @thw_handball #ehfcl pic.twitter.com/4ajTEuZVxN
— EHF Champions League (@ehfcl) October 1, 2020
> ЛШ: Барса, Кил и Кјелце со „максимални“ победи <