Утрински Весник
Свет

„Луфтханза“ ќе им понуди на патниците брзи тестови за коронавирус

„Луфтханза“ ќе им понуди на патниците брзи тестови за коронавирус
Img 5587

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ планира да им понуди на патниците брзи тестови на Ковид-19 од октомври и размислува да отвори тест-центри на аеродромите во САД и Канада.

Одлуката временски се совпадна со предлозите на авиокомпаниите и аеродромите до владите ширум светот  негативните резултати на патниците на Ковид-19 да бидат алтернатива на ограничувањата за патување и карантините што ја погодија побарувачката за патувања.

Img 5587

Авиопревозниците во голема мера ја поддржаа употребата на тестови со полимеразна верижна реакција (ПЦР), за кои се потребни неколку часа за обработка, па нивното здружение ИАТА предложи тестови за антигени за кои не е потребна лабораторија, а резултатите обично се добиваат за 15 минути.

Администрацијата за храна и лекови на САД неодамна го одобри BinaxNOW, развиен од лабораториите Абот. Станува збор за уред за еднократна употреба со големина на кредитна картичка, кој чини пет долари.

„Знаете дека компании како ’Абот’ и ’Рош’ продаваат вакви тестови и ние дефинитивно ја истражуваме таа можност“, рече Бјерн Бекер, директор на групацијата за управување со производи, аеродроми и дигитални услуги на „Луфтханза“, најавувајќи дека ќе им ги понуди на патниците во октомври.

Тој кажа дека „Луфтханза“ размислува во почетната фаза да им понуди нови тестови за антиген на патниците од прва и бизнис-класа, со оглед на ограниченото снабдување.

Компанијата исто така бара начини да ја прошири својата мрежа на тест-центри на аеродромите во САД и Канада, бидејќи тоа се важни пазари за неа, додаде Бекер.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Израел повика на евакуација на Рафа пред можна офанзива

Гласачите во Панама го избраа Мулино за нов претседател

Во Мексико телата на исчезнатите туристи се пронајдени на дно во бунар