Утрински Весник
Економија

Луфтханза: Летото ќе биде хаотично, на германските аеродроми има недостиг од работници

Dik 300x250 mk

Проблемот со доцнење и откажување летови на германските аеродроми поради недостиг на работна сила веројатно нема да биде толку брзо ублажен, изјави министерот за транспорт Фолкер Висинг, а „Луфтханза“ најавува „хаотично лето“.

„Ситуацијата во европскиот систем за воздушен транспорт е огромен предизвик за сите“, изјави Висинг за неделното издание на тиражниот весник „Билд“, додавајќи дека тешко дека наскоро ќе се најде решение за недостигот на работна сила.

Хаос владее на аеродромите во неколку европски градови во последните неколку недели, како одраз на наглото зголемување на побарувачката за одмор во странство. Така, некои патници на аеродромот во Даблин чекаа во ред со часови за да пристапат до терминалите, пренесуваат тамошните медиуми. Експертите посочуваат на недостиг на работна сила по затворањето на воздушниот сообраќај поради коронавирусот. Германската авиокомпанија „Луфтханза“ објави дека само во јули планира да откаже околу 900 летови на аеродромите во Минхен и Франкфурт.

Според германскиот синдикат „Верди“, недостигот на работници кои вршеле безбедносна контрола, операции за пријавување и ракување со багажот ги погодил аеродромите во Франкфурт, Хамбург, Берлин и Дизелдорф.

Ситуацијата само ќе се влоши, според Кристин Бехле, заменик-претседател на надзорниот одбор на Луфтханза. „Летото ќе биде хаотично“, вели Бехле за „Augsburger Allgemeine“, признавајќи дека поради жестоката конкуренција од аеродромите, трошоците за платите се намалени меѓу 30 и 40 проценти.

Можете да прочитате

Привршуваат подготовките за откупот на тутунот

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, велат од СДСМ