Утрински Весник
Македонија

Лукоил Македонија им доделува гориво на институциите кои се справуваат со коронавирусот

Лукоил Македонија им доделува гориво на институциите кои се справуваат со коронавирусот

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Лукоил Македонија донесе одлука да додели гориво во вкупна количина од 15.000 литри на институциите кои се во првите борбени редови во справувањето со коронавирусот и тоа на Министерство за здравство, центрите за јавно здравје, Институтот за јавно здравје и Црвениот крст, информираат од компанијата.

Институциите, посочуваат, ќе добијат картички за гориво издадени од Лукоил Македонија кои ќе можат да се искористат на бензинските станици на Лукоил низ државата во претстојниот тежок период.

-Оваа 2020 година со сигурност сите ќе ја запаметиме како исклучително тешка година. Човештвото во моментов се справува со можеби еден од најтешките предизвици во поновата историја. Владите преземаат мерки за справување со епидемијата, како и за намалување на штетите од потенцијална економската криза. Голем дел од бизнис секторот прави сè што е во негова моќ со цел да помогне, да ги поддржи институциите како и сите оние кои во оваа исклучителна ситуација им е потребна помош.  Искрено се надевам дека со доделувањето на гориво за институциите на системот и Црвениот крст ќе придонесеме во нивното успешно функционирање и обезбедување здравствена и друга помош за граѓаните во овој тежок период, изјави Андреј M. Куку, регионален управител на Лукоил Македонија.

Една стара руска мудрост, додаде, вели „немај илјада рубљи, имај илјада пријатели“, а вистинските пријателите се тука во тешките времиња. вј/ац/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Четврти Меѓународен форум на креативни индустрии во Скопје

Локалното новинарство во фокусот на осмото издание на Медиумскиот фестивал Скопје

Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен