Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Сè додека е полицијата со мене, не давам оставка

Лукашенко: Сè додека е полицијата со мене, не давам оставка

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека нема да поднесе оставка сè додека и последниот полицаец од специјалните единици за сузбивање на немирите не го побара од него.

„Додека и последниот полицаец од специјалната единица за контрола на немирите не ми рече да заминам, јас ќе стојам цврсто на ова тло, рамо до рамо со вас затоа што вие и јас немаме ништо друго освен оваа земја“, рече Лукашенко за време на посетата на специјалната полициска единица во Минск.

Претходно, специјалната белоруска полициска единица за смирување на немирите му додели највисок орден на Лукашенко – црна беретка за „специјалната служба“. За возврат, претседателот им додели награди на претставниците на полицијата и армијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СЗО се подготвува за нуклеарна војна на Блискиот Исток

Руте: Очекувам Европа да се обедини околу Иран

Министерот за финансии на САД: Имаме „куп“ пари за војна со Иран